СКАНДАЛ: Заев призна - медиумите се најголемиот политички непријател на СДСМ (ВИДЕО)
Медиумите се најголемиот непријател на СДСМ. Лидерот на најголемата опозициска партија денеска конечно призна дека најголемиот непријател на неговата партија во политиката се Сител, Канал 5, МТВ, Алфа и Дневник.
„Во моментов став на СДСМ и мој личен став дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа телевизија, Дневник и Македонската радио телевизија.“ – изјави денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Наспроти оваа изјава Заев и неговата партија со години тврдат дека се залагаат за слобода на медиумите. Останува нејасно, како една партија може да се залага за слобода на медиумите ако тврди дека нејзин најголем политички непријател се токму медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа