ЕУ: Мора да се утврди вистината за Сребреница - правдата мора да се задоволи

 

Вистината за Сребреница мора се утврди и никогаш не смее да се заборави, правдата мора да се задоволи, а помирувањето и стабилноста во регионот да се зацврстат, порачаа денеска високи претставници на Европската унија по повод комеморацијата на жртвите во Сребреница.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц денеска преку Твитер оцени дека злосторството извршено во Сребреница пред 18 година остави „трајна лузна во европската историја“.

- Само сеќавањето, правдата и помирувањето ќе помогнат таа да зарасне, напиша Шулц на оваа социјална мрежа.

Во исто време, комесарот за човекови права на Саветот на Европа Нилс Муижниекс оцени дека жртвите и нивните најблиски се уште ги мачат сеќавањата на овој „чин на геноцид“, како и на спороста на повикувањето на одговорност и утврдување на вистината.

Потсетувајќи дека пред 18 години во Сребреница и околината беа убиени околу 8.000 луѓе, додека околу 30.000 жени, деца и постари лица беа присилно раселени, Муижниекс повика на задоволување на правдата, бидејќи, како што рече „веќе не може да се чека“.

- Додека денеска го одбележуваме сеќавањето на жртвите од Сребреница, не смееме да заборавиме дека веќе утре мораме да продолжиме да трагаме по вистината и да се бориме против неказнувањето на тешкото кршење на човековите права, порача Муижниекс.

Според него,  злосторството сторено во Сребреница е толку гнасно што не може да се дозволи одговорите за него да се извлечат од правдата. Тоа, како што истакна, е најмалку што може да се стори за да им се помогне на сите жртви и нивните семејства да го пронајдат мирот и да го повратат своето човечко достоинство.

Европскиот парламентарец Јелко Кацин денеска порача дека овој настан мора да се  вгради во  колективната  свест, со цел ништо слично никогаш да не се повтори, но дека не треба младите луѓе да се трујат со расправите за минатото, туку да се воспостави помирување и стабилност поради посветлата иднина на регионот.

- Настаните од летото 1995 година мораат да се вградат и одржуваат во колективната свест не само на западниот Балкан, туку и ширум ЕУ, со цел такво нешто никогаш да не се повтори, наведе Кацин, кој е потпретседател на Делегацијата на Европскиит парламент за југоисточна Европа.

најчитано сега