Централен на СДСМ: Црвенковски денеска ќе побара да не го кандидираат - Заев ќе бара да биде единствен кандидат

 

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски на денешната седница на Централниот одбор на СДСМ, ќе побара од општинските одбори и членството да не го кандидира за нова претседателски мандат на Бихаќка. Како што дознава Press24 од партиски извори, ова лидерот на СДСМ најверојатно ќе го соопшти и на прес конференција наредните денови. Со тоа Црвенковски ќе ги официјализира најавите за повлекување од претседателската функција, иако се уште нема информации, дали јавно ќе застане зад кандидатурата на некој од кандидатите. 
Во меѓувреме, засилено работи струмичкиот одбор на СДСМ. Според нашите извори, вечерва на Централниот одбор кој ќе почне во 18 часот, се очекува струмичките делегати да побараат, Зоран Заев да биде единствениот кандидат за Претседател на СДСМ, а останатите кандидати да ги повлечат кандидатурите. Истовремено, според најавите, Заев се очекува да побара од лидерот на СДСМ, тој јавно да му даде поддршка за да ја води партијата по неговото заминување.
Покрај Заев, во јавноста циркулираат и имињата на Зоран Јованоски, Игор Ивановски како и екс директорот на Агенцијата за разузнавање, Кире Наумов. 
Во меѓувреме, експертите и добирте познавачи на состојбите во СДСМ, бараат конгресот да го подготвува посебен одбор кој ќе биде составен од членови кои немаат амбиции за лидерската позиција во најголемата опозициска партија. 

„Ако СДСМ сака да организира фер и демократски избори во партијата тогаш треба да обезбеди минимум услови за тоа. Уште во времето на Јаков Лазаревски, кога последниот претседател на СКМ реши да се повлече од фунцијата и да даде можност за демократски избор меѓу можните кандидати на тогаш единствената партија, постоеше обичај да се формира Одбор за подготовки на конгресот. Во тој одбор влегуваа и угледни членови на партијата кои  не беа дел од највисокото раководство на партијата. Негова задача беше да го следи процесот на евидентирањето на кандидатите и  да овозможи успешно одржување на Конгресот. Откако во она време, ако се сеќавате ,ги истакнаа своите кандидатури за иден претседтел на единствената партија Петар Гошев и Михаил Данев, кои истовремено објавија и кои личности би им биле секретари доколку победат во трката за претседател, на двајацата им беше овозможено да ги престават своите идеи за иднината на партијата во општинските организации, во кои дури се гласаше за тоа кој од двајцата кандидати треба да биде подржани од нивните делегати на конгресот. На конгресот, на тајно гласање победи Петар Гошев кој доби можност од избраните членови на Централниот комитет да си предложи свој тим за идното претседателство во кои влезе  и Бранко Црвенковски. Денешниов СДСМ треба да биде способен барем за исто толку демократија колку што имаше последниот состав на СКМ за чиј наследник се прогласи партијата. Оттука би било фер да им се даде можност на кандидатите  за претедател на СДСМ своите погледи за иднината на СДСМ да ги претстават во една кампања во која тие ќе ја демонстрираат и својата спсобност и својата политичка култура“ - изјави поранешниот генреален секретар на СДСМ Ѓорѓи Спасов во интервју за Press24.

Демократизација на внатрепартиските избори побара и кандидатот за претседател на СДСМ и некогашен директор на Агнецијата за разузнавање Кире Наумов. Тој во повеќе наврати излзе со став дека кандидатите треба да имаат увид во списокот со делегати, бидејќи во овој случај, тоа е еден вид Избирачки список. Наумов, побара и партијата да му дозволи да му се брати на членството од просториите на Бихаќка.

„Да, сакам да пишам писмо до Петров и да побарам да ми се дозволи да одржам прес-конференција во просториите на СДСМ и да добијам увид во списокот на делегати. Тоа би бил потег кој ќе прати јасен сигнал до јавноста дека СДСМ ги отвора вратите за сите оние со добри намери“ рече Наумов во изјава за медиумите

АС

најчитано сега