Заев како Шекеринска: Ќе ја внесел Македонија во ЕУ
Опозицискиот лидер Зоран Заев на крајот од денешната прес-конференција изјави дека новата економска програма на СДСМ ќе значела програма за Европска Македонија, алудирајќи на тоа дека ќе ја внесел Македонија во Европа, како што претходно ветуваше и неговата заменичка Радмила Шекеринска, пренесе Курир.
-На програмскиот конгрес на СДСМ, на 13-ти декември, заедно со граѓаните ќе ја објавиме новата економска програма за иднината на успешнеа, напредна, европска Македонија!, рече Заев.
Ваквите зборови на Заев потсетуваат на ветувањата на неговата заменичка Радмила Шекеринска. Пред неколку години Шеќеринска ветуваше влез во НАТО и ЕУ за само шест месеци, но никогаш не кажа како планира да го направи тоа, исто акко што е нејасно како Заев ќе ја направи Македонија европска и ќе ја внесел во во Европа.
Шекеринска додека беше претседател на СДСМ за време на предизборната капмања за парламентарните избори во 2008 изјави дека доколку СДСМ дојде на власт за 6 месеци ќе го реши прашањето за името наметнато од Грција и ќе ја внесе Македонија во НАТО, по што СДСМ го доживеа најтешкиот пораз на изборите со 250.000 гласови разлика.
-Сакам да им порачам на сите граѓани на Македонија, Македонија не мора да чека, ви ветувам, за шест месеци, Македонија ќе ја добие поканата за НАТО, за шест месеци, Македонија ќе почне преговори со ЕУ, рече Шекеринска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа