Шилегов потикнува и повикува на кривично дело

 

Партискиот портпарол и пратеник на СДСМ Петре Шилегов на својот ФБ профил повика да се обележувале сите банкноти со политичка порака која е во полза на СДСМ, а веднаш потоа самиот тој објави бакноти кои се исцртани со пенкало.

Шилегов објави нешто, што како што самиот си кажа, ете му текнало - На секоја банкнота од 100 денари која ќе дојде кај луѓето да напишат Збогум Никола и да ја пуштат во промет.

Во коментари по објавата се појавија 100 денарки и 500 денарки на кои е ставен печат со натпис „Збогум Никола“.  Иницијативата на Шилегов е преку уништување на банкноти да се прати политичка порака.

Таквото преиначување на банкнотите, на какво што повикува Шилегов е казниво со закон и е санцкионирано со Кривиниот законик на Република Македонија, согласно глава 12 од тој законик.

-Тој што ќе преиначи вистински пари со намера да ги пушти во оптек или тој што такви лажни пари ќе пушти во оптек, ќе се казни со затвор од една до десет години, се вели во Член 268 од Кривичниот законик на РМ.

Со оглед на тоа што Шилегов освен тоа што е пратеник е и адвокат, за веруваее е дека е запознат со таквиот престап и дека свесно повикува на правење на кривично дело.

Дополнително, од НБРМ велат дека ќе ги конфискуваат без никаков надомест сите пари на кои е пишувано, се боени или пак на нив има печат.

-Во член 26 точка 4 од Законот за Народната банка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14 и 153/15), е уредено правото на Народната банка да конфискува без надоместок книжни или ковани пари кои се сменети во нивниот надворешен изглед, особено книжни или ковани пари на кои е пишувано, кои се боени, на кои има печати или перфорации или кои се премачкани со леплива материја – велат од НБРМ.

 
 
19.11.2015 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега