ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ човечкиот живот има вредност само ако им е од политичка корист
СДСМ продолжува со бесрамната лешинарска математика. Измислената бројка од 14 промили доеничка смртност на СДСМ им е блиска затоа што во 2004 умирале 13,2 новороденчиња на секои 1000 бебиња. Бројката денес е намалена за 3,3 промили, а целта на пакетот мерки кои ги воведува Министерството за здравство е истата да се намали до максимум 6,5 промили во 2020 година.
Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:
Намалувањето на овие бројки се постигнува со работа, а не со нечовечко бесрамно лешинарско лажење и манипулирање како што тоа го прави СДСМ.
СДСМ лажеше дека 14,4% од доенчињата во Македонија умираат.
СДСМ не ни помисли да се извини затоа што на крајно подол начин ги пумпаше бројките и употреби згаснати човечки животи во нивната долна црна хајка против министерот Тодоров.
СДСМ не ни помисли да се извини затоа што криминалците кои пукаат во доктори ги нарекува „измачени незадоволни пациенти кои правдата ја земале во свои раце“.
За СДСМ човечкиот живот има вредност само ако им е од политичка корист. Само тогаш СДСМ е загрижен за состојбите во здравството.
СДСМ нема корист од намалување на бројот на мртви доенчиња и затоа СДСМ сака тој број да е 14,4% како што лажеше пред неколку дена. Надвор од здравиот разум.
За 156 дена доаѓа казната на ваквата лешинарска политика. 24 април ќе им пресуди на ваквите бесрамни манипулации на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа