Според математиката на Героски, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 68 пратеници на наредните избори
Според математиката на порталот Плусинфо и неговиот главен уредник Бранко Героски и начинот на кој тој ја чита анализата и мерењата на рејтинг на ИРИ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има рејтинг од 35 отсто, односно толку луѓе сметаат дека тој ќе биде реизбран за премиер.
Ако ова толкување на Героски е точно и се спроведе во мандати, тоа значи убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ со најмалку 68 пратеници. Имајќи ги предвид неговите анализи, не е ни чудо што секогаш нивното толкување на изборите подоцна не кореспондира со резултатот на истите, што укажува на недостаток на стручни лица во опозицијата, кои ќе им ги објаснат бројките, значењата на истите и како тие да се толкуваат.
Токму ова е една од причините зошто Заев и Шекеринска често пати зборуваат дека ќе победат на изборите, а се случува нивен дебакл со по правило од над 200 илјади гласови разлика.
Инаку, последната анкета на ИРИ покажува дека расте довербата кај граѓаните во премиерот Груевски. Според неа, 35% од граѓаните веруваат дека премиерот Груевски треба да биде реизбран.
Во споредба со анкетата од јуни, кога 32% од анкетираните сметаа дека Груевски заслужува да биде резибран, во последната анкета на ИРИ, поддршка за реизбор на премиерот даваат 35% граѓани. Се намалува за 3% и бројот на оние кои сметаат дека Груевски не треба да добие нов мандат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа