ИРИ: Расте поддршката за премиерот Никола Груевски

 

Расте доербата кај граѓаните во премиерот Груевски. Според последната анкета на ИРИ 35% од граѓаните веруваат дека премиерот Груевски треба да биде реизбран. Во споредба со анкетата од јуни,  кога 32% од анкетираните сметаа дека Груевски заслужува да биде резибран, во последната накета на ИРИ, поддршка за реизбор на премиерот даваат 35% граѓани.
Се намалува и бројот на оние кои сметаат дека Груевски не треба да добие нов мандат. Од 55% колку што беа во јуни, на октомврската анкета против реизбор на Груевски се изјасниле 52%.
Сите анкети објавени во последните неколку месеци покажуваат раст на довербата во премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. 
Се очекуваат слични резултати и во анкетата за рејтингот на партиите која ја спроведе ИРИ.

 
 
19.11.2015 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега