Пишев: Заев да се врати во Струмица и да ги исполни ветувањата

 

 

На денешната расправа во Собранието на Република Македонија по Буџетот за 2016 година во своето обраќање пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев истакна дека СДСМ нема легитимитет да зборува за буџет, за финансии, економија и развој на стопанството.  

-Како член на комисијата за финансирање и буџет учествував активно во амадманската расправа. Имено буџетот  е единствен стратешки документ во државата каде се преточени и каде партиципираат интересите на   сите граѓани на Република Македонија и многу е важно да зборуваме со факти. Дебатата за буџет е тема бидејќи тука нема импровизација, нема лага, бројките се немилсрдни како факти како доказ без разлика дали денес некој ќе го признае или не, рече Пишев.  

Тој додаде дека и денеска во Собранието опозицијата ќе се служи со своите партиски, нереални  и лажни тези, додека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со аргументи и факти.

-За разлика од СДСМ и од нивниот штаб кој ги спремаат нивните анализи кои се далеку од вистината јас можам да одговорам со тези, не од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, од штабот на Светска Банка, од штабот на ЕК, од штабот на Дуинг бизнис, од штабот на ММФ итн. Но, не би го направил тоа зошто почитувани колеги нема да има поенти. СДСМ е во тежок филм тие повторно и денес ќе зборуваат се едно исто. За наводно големи долгови, банкрот сиромаштија и сл, рече Пишев.

Пишев истакна дека можеби лидерот на СДСМ е првиот социјалдемократ во светот кој станал милионер, земајќи едно евро за братму едно евро за црквата.

-СДСМ може да понуди програма, решение, идеји, но не и да плука кога станува збор за тема како што е буџетот. Буџетот ја креира еконоската иднина за 2016 година за сите граѓани на Република Македонија. Може да плука партија која што направила, изградила и заради тоа има легитимитет, но партија која владееше во времето кога немало светска криза или пак должничка криза, тогаш  таа влада тиа луше тие праеници целсно го имаат изгубено легитимитетот да зборуваат за тоа. Да потсетам СДСМ владееше кога немаше светска ниту европска должничка криза, а немаше ниту субвенции за земјоделците, ниту зголемени пензии, немаше ни криза немаше ниту нови стадиони, нови игралишта, нови сали. Немаше криза, но немаше бесплатен превоз за пензиоенрите немше криза немаше ни патишта, немаше криза немаше ниту градинки, ниту училишта ниту студентски домови, потеницраше тој.    

Тој нагласи дека во време на СДСМ немше криза, но немаше ниту проекти имаше само долгови.

-Немате ништо оставено зад себе. Не ве препознаваат граѓаните ниту по едно дело освен по создавање на афери, скандали, јахти и хациенди и плаќање по странски амбасади. Тоа е вашиот капитал тоа е СДСМ. Сте се запрашале ли зошто народот не ви верува,  јас ќе ви кажам, зошто народот веќе гледа, слуша и размислува. Не е реалност на 50 портали и весници платени од СОРОС и фејсбук лајкови, делата се реалност.

Пишев истакна дека Зоран Заев може да биде премиер само на маскембалот во Струмица.

-Знаете ли зошто Заев не може да биде градоначалник и да креира буџет. Зошто како градоначалник во Општина Стумица нема една шајка ставено . Луѓето ги чекаат 30 фабрики кој ги вети и 3000 вработувања и што и да каже ќе излаже.  Почитувани колеги морам да ја искористам оваа прилика да ве замолам да му кажете на Заев да се симне и да се врати во Струмица и да сработи нешто, додаде Пишев.

На крајот тој истакна дека граѓаните на Стумица го очекуваат Заев да го исполни она што го вети.

 
 
17.11.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега