Терористите го убија и фудбалот: Европското првенство ќе биде откажано?!

 

Страотната трагедија која се случи во петокот во Париз, го потресе цел свет. Поради терористичките напади се поставува прашање дали Европското првенство во фудбал воопшто ќе се одржи и дали Франција ќе биде домакин.

Наредната година, Франција требало да ги угости најдобрите европски репрезентации, кои за прв пат треба да играат во системот со 24 репрезентации на десет стадиони. Меѓутоа, силната детонација која одекна за време на пријателскиот натпревар меѓу Франција и Германија, предизвика хаос и внесе страв меѓу сите луѓе во светот.

Челникот на францускиот фудбалски совет Ноел Ле грант, отворено ја спомна можноста Еуро 2016 да се откаже.

„Презедовме безбедносни мерки, но терористите докажаа дека секој од нас во секој момент може да биде нападнат. И претходно бевме загрижени за сигурноста, но по овој напад, со толку жртви...“, уплашено проговори првиот човек на FFF.

Од УЕФА сеуште нема јасен став за можноста за откажување на ЕП.

 
 
15.11.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега