Му го приведувале синот па и тој завршил во затвор со него - бесен скопјанец искршил полициско возило
Скопјанец нападнал полициски службеници додека се обидувале да го приведат неговиот син.
Се работи за 53-годишниот И.Ш. од Скопје кој пред три дена на улицата „Фуштанска“, додека полициски службеници се обидувале да го приведат неговиот син, тој најпрво вербално ги нападнал полицајците, а потоа збеснал и им го оштетил и службеното возило.
Скопјанецот за делото кое го направил си заработи притвор во рок од 30 дена.