Македонија против Црна Гора во 18 часот на „Филип Втори“

 

Македонската фудбалска репрезентација вечер од 18 часот на Националната арена „Филип Втори“ ќе одигра пријателски натпревар со Црна Гора.

Двете репрезентации зад себе имаат неуспешен квалификациски циклус и ова ќе биде можност со добар резултат да се врати самодовербата кај играчите.

На клупата на „црвено-жолтите“ ќе дебитира Игор Ангеловски. Тој најави дека по доаѓањето на селекторската функција работел на подигнување на атмосферата во националниот тим, а најави и поофанзивна игра.

Оптимизам владее и меѓу македонските фудбалери кои посакуваат со победа да ја продолжат успешната резултатска серија на контролните натпревари на домашен терен.

Македонија покрај овој дуел, во вторник ќе има уште еден тест меч, против Либан со почеток во 13 часот. 

 
 
12.11.2015 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега