Самарџиски ги пакува куферите и заминува во Турција
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски од Мега Лекс се сели во турскиот клуб Бујукчекмеџе.
Трансферот на центарот го потврди неговиот менаџер Мишко Ражњатовиќ преку својот Твитер профил.
Во досегашниот дел од сезоната на АБА лигата, Самарџиски имаше голем придонес во играта на Мега. Тој со просечни 10,6 поени и 6,7 скокови по натпревар беше еден од најдобрите кошаркари на тимот од Сремска Митровица.
Самарџиски и во минатото настапувал во Турција како играч на Олин Едирне, Мерсин ББ и Анкара, а беше дел и од екипата на Партизан, ФМП, Литвос Ритас, Црвена звезда.
Со МЗТ Скопје Аеродром претходната сезона го освои шампионскиот трофеј во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа