Во интервали ќе снемува струја на „Маршал Тито“ во Битола
Од ЕВН денеска информираат дека поради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците, од 10-ти до 31. јули, во периот од 08:00 до 14:30 часот, ќе има повремени прекини во снабдувањето со електрична енегија за корисниците во реонот на ул. Маршал Тито ( Битола) со сите стопански и нестопански објекти.
-Екипите на ЕВН Македонија - КЕЦ Битола ќе работат на технички зафати на нисконапонската мрежа заради што одредени корисници во кратки интервали ќе бидат без напојување со електрична енергија. Ве молиме, во интерес на корисниците оваа информација да ја проследите преку вашиот медиум, информираат од ЕВН.