КУРИР: Цонева: Јас ја зачленив Ременски во ВМРО-ДПМНЕ, таа беше заљубена во Љубчо Георгиевски и немаше капацитет

 

Нада Цонева, поранешен претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Црквена маала Крива Паланка, потврдува дека потпретседателката на СДСМ и иден министер за труд и социјална политика, Фросина Ременски била член на ВМРО-ДПМНЕ и вели дека немала никаков капацитет за работа, пренесува порталот Курир. 

- Точно е, Фросина Ременски беше член на ВМРО-ДПМНЕ во периодот кога јас бев претседател на месниот комитет. Редовно на состаноци одевме заедно и не само тоа, таа, туку и нејзиниот татко Ванче. Таа беше приврзаник и вљубена во политиките на Љубчо Георгиевски. Сега ја гледам во редовите на СДСМ. Ние од ВМРО ја дистанциравме бидејќи немаше капацитет. Паметам добро дека нон-стоп сакаше функција, но неа, реално, не ја биваше и немаше соодветен капацитет, вели Цонева за Курир. 

clenskarem500

Изјава за доброволно членство во ВМРО-ДПМНЕ потпишала новата министерка за труд и социјална политика Фросина Ванче Ташевска, сега Ременски на Божик, 07.01.1999 година. Со пополнување на пристапницата во месниот комитет Црквена маала во Крива Паланка тогаш 22 годишната Ременски станала член на ВМРО-ДПМНЕ.
Нејзините тогашни сопартијци со кои разговаравме на ја паметат најдобро. Велат дека не им оставила посебен впечаток. Немала поголем потенцијал ниту капацитет за посериозни обврски.

Сепак, паметат дека имала една особина која и помогнала, а тоа било менувањето на ставови и страни.

Фактот што оваа политичарка нема кредибилитет и капацитет, не му пречеше на нејзиниот сегашен лидер, Зоран Заев, да и додели министерско место. Тој одлучи да прегази по договорот и она што го зборуваше, па за министри постави партиски, а не стручни кадри.

Ременски ниту на официјалниот сајт на СДСМ не е претставена како активен член со политичка и партиска катиера. Нејзината биографија е составена од два реда!

 
 
09.11.2015 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега