Продолжуваат преговорите меѓу партиите во Клубот на пратениците
Некогашниот претседател на Здружението на новинарите на Македонија Роберт Поповски го предводи тимот на СДСМ во преговорите меѓу партиите за законите за медиумите. Партиите денеска ја имале првата средба во Клубот на пратениците и на неа се договарала динамиката и текот на преговорите. Според информациите до кои дојде Press24 од извори кои директно учествуваат во преговорите, ќе се разговара за измената на три закони поврзани со медиумите меѓу кои Законот за медиуми, за аудиовизуелни медиумски услуги и законот за информативната агенција.
Интересно е што преговорите ги предводи Роберт Поповски човек кој се декларираше како независен новинар и своевремено беше претседател на Здружението на новинарите на Македонија, институција која во јавноста се смета за привезок на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа