Законите за избори денеска пред пратениците - новите министри и заменици на СДСМ ќе почекаат
Пладневната координација кај спикерот Вељаноски ќе го даде конечниот одговор кога Законите кои беа договорени на последните преговори во Клубот на пратениците ќе се најдат пред македонските пратеници. Координацијата меѓу пратеничките групи и Претседателот на Собранието е најавена за во 12 часот и на неа партиите треба да го договорат текот на седницата.
Изборот на новите министри и нивните заменици според собраниски извори не треба да се очекува денеска. Гласањето за нив, најверојатно ќе се случи утре.
Партиите во неколку месечните преговори го договорија новиот Изборен законик како и Законот за Влада. Законите за „свиркачите“ и за бомбите ќе бидат изготвени но нема да бидат усвоени уште 6 месеци и ќе одат на проверка во Венецијанската комисија.
Донесувањето на законите е еден од условите за предремените парламентарни избори кои се закажани на 24 април.
Нивното донесување доаѓа на ден пред објавувањето на Извештајот на Европската унија за напредокот на Македонија кое е најавено за утре.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа