Малку фалело Роналдо да биде абортиран

 

Филмот на режисерот Ентони Вонки ќе биде прикажан премиерно на 9 ноември во Шпанија, а тој е направен во соработка со португалската ѕвезда така да филмот ги прати изјавите на неговите најблиски што го прави веродостоен.

Сепак, се чини дека најинтересна изјава ќе биде инаа која ја дала неговата мајка.

„Не сакав да го родам Роналдо. Имав веќе три деца, со мажот не се согласувавме поради неговата склоност кон чашката, но „господ сакаше нешто друго и денеска сум горда мајка“. Се што имам му го должам на Кристијано“, рекла Долорес.

Инаку Роналдо бил воодушевен од идејата за снимање на филмот затоа што сакал светот да го види неговото вистинско лице.

„Се надевам дека гледачите ќе ги убедам во тоа дека Кристијано воопшто не е арогантен“, вели режисерот Вонк.

 
 
07.11.2015 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега