Потпишување на договор за дел од Коридорот 8
Денеска, Македонски железници - Инфраструктура ќе потпише договор со компанијата Obermeyer Hellas Ltd, за изработка на основен проект за пругата Бељаковце - Крива Паланка, која е дел од Коридорот 8.
За целокупната проектна документација е обезбеден грант од ЕБОР од 2,5 милиони евра и се очекува таа да биде завршена до крајот на годинава за да може на Бордот на ЕБОР да бидат одобрени средства и за реализација на втората фаза.
Третата фаза ќе го опфати делот од Крива Паланка до границата со Бугарија.
За првата делница Куманово - Бељаковце која е планирано да заврши до 2017 година се обезбедени 46,4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.
На денешното потпишување ќе присуствува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.