Симпатизерите на СДСМ се свртеа против Заев: Се боревме ли за тој да ги згрижи неговите луѓе?
Симпатизери и членови на СДСМ се свртеа против Зоран Заев. Тие се незадоволни од неговите предлози за министри и заменици министри и велат дека од ваквата одлука корист ќе има само опозициската партија.
Тие велат дека дури сега сфатиле за што се борел Заев и констатираат дека тој ветувал се, а се грижел само за своите најблиски партиски соработници.
Социјалните мрежи вријат со осуди на сметката на Заев.
-Гледате зошто се борел Заев? Каде е оној Заев од пролетта? за ова ли се бореше? За фотелји на истите луге од СДСМ. Искрено друго и не очекував, сепак потајно се надевав дека не е онаа истата СДСМ.
-Демек, СДСМ се стремел во МВР на чело да бидат непартиски лица или таканаречени професионалци. А сега еве става генерален секретар за министер. Браво другари ја научивте лекцијата! Учете од политичкиот опонент и практикувајте ја неговата стратегија која како така го одржа на власт 10 години.
-Човече, како можеш да му вртиш грб на членството! Ние ти ветувавме бе нека не ти перат мозок за 2 фотелји за Оли и Фрос. Барај повеќе. Биди силниот Заев кој го знаеме.
-Пушка не требаше ама тоа што ветуваше. Македонија една изборна единица, прочистување на списоците и многу други, што со тоа? Политика со Шекеринска, Бранко и други што ги затворија фирмите. За таква зборуваш? Епа нека ти е наздравје!
-Заев на преговорите гледаше како шанса да го згрижи најтесното раководство. СДСМ влегува повторно со истрошени и некредибилни кадри. СДСМ очигледно тоне.
-Ве извеслаа ВМРО-вциве.
-Заев, кај ти е паметото?
-Изгледа бродот што тоне е СДСМ. И сега Заев ги спасува најблиските со делење на функции! Брука! Заев, дали вака бевме договорени?
-Лесно ти е тебе Заев, се гледа само фотелја ти е во умот. Срамота тешко на тие што ти верувавме.
-Овој е тој силниот Заев? Ветуваше планини и брда, се задоволи со две фотелји.
-Оооф! Што да кажам. Заев ме разочара мене, го разочара цело СДСМ, ги разочара сите! Сите до последна капка се боревме, а сега кај е да ни донесе фала? Само за Фросинка и Оливер фала има?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа