Заев си го згрижи партиското раководство

 

Лидерот на СДСм Зоран Заев  си го згрижи партиското раководство во Владата. Истурени партиски имиња наместо професионалеци ќе ги водат ресорите и ќе ги добијат заменичките места во Владата.  Генералниот секретар Оливер спасовски ќе биде нов шеф на МВР, а потпретседателката Фросина Ременски ќе биде нов министер за труд и социјална политика. Уште еден потпретседател на СДСМ, Александар Кирацовски ќе биде заменик министер за информатичко општество, а шефот на кабинетот на Зора Заев, Љупчо Николовски ќе биде заменик министер за земјоделие. Кире Наумов ќе биде заменик министер за финансии.
Премиерот Груевски вели дека е добро што СДСМ инсталираше истакнати партиски кадри за да можат тие да носат и политичка одговорност а граѓаните да можат да проценат како работеле кадрите на ВМРО-ДПМНЕ а како тие на СДСМ

 
 
06.11.2015 - 02:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега