ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се помири дека Владата води успешна политика

 

СДСМ не можат да се помират со фактот дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води успешна економска политика за која потврда даваат и релевантните меѓународни институции како Светска Банка и ММФ, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ.

СДСМ во периодот кога беше на власт во светот немаше криза, сите земји бележеа рекорден раст, а Македонија имаше економија со катастрофални стапки на раст, ништо не се градеше, оставија државен долг од 36,7 отсто, оставија невработеност од скоро 39%, со еден збор очај и безнадежност, се вели со соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

- Денес дури и се враќаат долговите кои СДСМ ги направи кога беше на власт, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, како што потсетува партијата, се градат три нови автопати и стотици локални и регионални патишта, се инвестира во железничка инфраструктура, во болници, училишта, градинки, се субвенционира земјоделството, се обезбедуваат ефтини кредити за малите и средните претпријатија, се зголемуваат плати, пензии, социјална помош, а Македонија е петта најмалку задолжена земја во Европа.

 
 
05.11.2015 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега