Ред Бул ќе бара нов мотор уште три недели
Сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц им даде дополнителни три недели на директорот на тимот, Кристијан Хорнер и советникот за мото спортови, Хелмут Марко да го решат проблемот за нов мотор, откако октомврискиот рок истече.
- Го продолжив рокот за уште три недели. Ситуацијата е јасна, нема да добиеме ниту еден од актуелните мотори бидејќи сите тимови се плашат дека ќе бидеме побрзи од нивните болиди. Колку што знам не можеме да купиме храброст или спортски дух, изјави Матешиц.
Ред Бул откако го раскина договорот со Рено, не успеа да се договори со Мерцедес или Ферари, да ги користи нивните мотори, а преговорите со Хонда заглавија поради тоа што Рон Денис од Мекларен групацијата бил против ваков договор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа