Незири: ДУИ не планира да излезе од владината коалиција
Гласините дека ДУИ до петок ќе излезе од Владата со што би се предизвикале предвремени парламентарни избори без да се постигне согласност за договорот од Пржино се дезинформации. Веќе има позитивни сигнали дека ќе се постигне договор, оцени денеска министерот за економија и шеф на изборниот штаб на ДУИ, Беким Незири.
- ДУИ за да излезе од Влада треба да се поминат сите филтри во партијата, да се помине во Централното претседателство и да се направат дополнителни анализи. Во овој момент мислам дека Македонија е на добар пат да се постигне договор и земјава да излезе од политичката криза, изјави Незири, одговорајќи на новинарско прашање по обраќањето 6. Партнерски состанок на Црвениот крст на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа