И Нимиц го прогласи Груевски за победник

 

Дојде време да се реши прашањето со името, изјави посредникот на ОН Метју Нимиц во интервју за „Катимерини“.

Следниве 15 месеци ќе се разговара за името. Нимиц ќе остварува средби со македонскиот и грчкиот премиер. Како свои соговорници ги посочува Груевски и Ципрас.

Нимиц планира следниве 15 месеци да остварува средби и да води преговори со Груевски кој е на чело на македонската Влада. Тој знае дека во април 2016-та во Македонија ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Фактот што тој вели дека за името со Груевски ќе преговара и многу долго по изборите, значи дека Нимиц смета дека актуелниот македонски премиер ќе добие уште еден мандат. Посредникот на ОН, прогласи победа на Груевски на следните избори.

Говорејќи за македонскиот премиер, Нимиц вели дека Груевски е многу сериозен и фокусиран на она што го работи.

-Многу години ја следам работата на премиерот Груевски. Многу е сериозен и фокусиран на тоа што го работи. Тој е интелегентен соговорник, со силни лични карактеристики. Тој е ефикасен и искусен лидер, и секако го познава проблемот од сите аспекти, вели Нимиц за Катимерини.

Специјалниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации додава дека Бан Ки Мун повикал проблемот да се реши во следните 15 месеци, односно до крајот на неговиот мандат.

 
 
03.11.2015 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега