Хари Локвенец си го погази зборот за тесно партиски потреби на СДСМ

 

Пратеникот на СДСМ и претседател на  Комисијата за надзор на работата на УБК и АР, Хари Локвенец го искараа во својата партија и на вчерашната прес конференција во Собранието на Република Македонија си го погази својот збор за тесно партиски потреби на СДСМ, пишува Курир.

Според порталот соопштението кое беше испратено од прес службата на Собранието, по повод посетата на УБК од страна на Комисијата за надзор на работата на УБК и АР, било подготвувано лично од пратеникот Хари Локвенец кој ден подоцна по наредба на својот лидер оддржа прес конференција на која самиот си го погази зборот ги демантираше сите тврдења од соопштенито.

Во соопштенито кое било подготвувено и одобрено од пратеникот Хари Локвенец се вели дека на Комисијата детално и бил презентиран начинот на постапување при следење на комуникациите и дека УБК е целосно подговена за заедничка соработка.

-Посебен акцент беше ставен на работењето на УБК во делот на следење на комуникациите, и на Комисијата детално ѝ беше презентиран начинот на постапување при следење на комуникациите, односно сите фази низ кои се минува во спроведување на мерката следење на комуникации и расположливите капацитети на УБК во однос на оваа тематика пишува со соопштенито.

-За време на средбата која беше интерактивна, Управата за безбедност и контраразузнавање одговори на сите поставени прашања од страна на Комисијата, при што впечаток на Комисијата е дека УБК е целосно подготвена за заедничка соработка на директен и транспарентен начин и во иднина, а воедно беа договорени и следни активности.

Ова соопштение кое лично било пишувано од пратеникот Локвенец само еден ден подоцна по партиска наредба преку прес конференција беше целосно деманирано од страна на пратеникот Локвенец, кој истакна дека УБК не соработувала и не им доставила никакви информации на комисијата, а  соопштението кое самиот го подготвувал и беше испратено од собраниските служби за оваа посета воопшто не кореспондира со реалноста.

-Со оглед на тоа дека информациите се класифицирани со степен на доверливост, нема да соопштувам детали. Но, како пратеник и претседател на Комисијата должен сум да ја информирам јавноста дека собраниската Комисија не доби одговор на клучните барања.

Со ваквата постапка покрај тоа што наликува на својот лидер Зоран Заев кој е познат по менување на своите ставови и изјави, пратеникот Хари Локвенец  ја става под знак прашалник и својата способност за водење на оваа комисија.

 

Ова работно тело кое има исклучително значење во парламентарна контрола над безбедностите служби и треба да работи професионално и одговорно, Хари Локвенец го претвара во алатка за партиска пресметка во интерес на СДСМ и својот лидер Зоран Заев. 

 
 
28.10.2015 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега