Крвава сообраќајка во Албанија - четири лица го загубија животот

 

Вчера попладне се случила страотна сообраќајка во Албанија на патиот правец Елбасан –Либражд, во која за жал животот го загубиле четири лица.

Се работи за судар на три возила, автомобил марка БМВ, комби возило кое превезувало патници и камион. На самото место на несреќата починале сопружниците Фетах и Рифете Чела, како и 69-годишната Салуше Кулали и нејзината ќерка Насибе Шехи.

Меѓу неколкуте повредени е и возачот на комби возилото Едуард Шкурти, кој поради сериозните повреди префрлен е во Воената болница во Тирана.

Според полицијата причина за несреќата е неправилното претекнување на автомобилот, кој му го пресекол патот на комби возилото, кое обидувајќи се да избегне судар му го попречил патот на камионот кој удрил во него.

ФОТО: А1.он

 

најчитано сега