Димовски: ВМРО-ДПМНЕ го поддржа законот за специјално обвинителство, институциите независно одлучуваат
ВМРО-ДПМНЕ стои зад договорот од 2 јуни и 15 јули дека ние ефективно многу јасно со своите гласови дадовме поддршка на Законот за специјалниот обвинител дадовме поддршка со нашите гласови за изборот на госпоѓата Јанева и продолжуваме да даваме поддршка за нејзината работа, истакна Илија Димовски од владејачката партија
-Околу дилемите кои што се појавија денеска околу изборот целосен или нецелосен на кандидатите од нејзе, ние немаме што дополнително да коментираме заради тоа што постои закон и постојат надлежни институции, најмалку е работа на политичките партии да даваат коментар околу тоа. Ние стоиме зад законот стоиме зад госпоѓата Јанева и даваме поддршка за нејзината работа, нема што да се скрие треба да се завршат сите состави во државата и да дојдеме до предвремени избори 2016, рече Димовски.
Околу изборниот законик тој информираше дека било напорно, многу време е потрошено и многу енергија.
- Се договоривме дијаспората да има свои пратеници тие ќе се бираат на пропорционален модел како и во Македонија односно ќе има една изборна единица која што ќе се бира три пратеници со потребен минимум на гласови колку што е и во Македонија некаде околу 6000 и нешто гласови за да се избере еден пратеник, но ќе се бираат сите три на една листа, заклучи тој.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа