Митовска: СДСМ остави голем број на семејства без денар и на улица
„Лошото владеење на СДСМ остави големи лузни кои до ден денес не може да закрепнат“. Со овие зборови пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска ја започна својата реплика кон пратеникот Горан Мисовски по повод дискусијата во Собранието за Законот за минимална плата.
Митовска понатаму истакна дека само во Крива Паланка од каде и доаѓа таа, додека СДСМ беше на власт беа затворени и уништени индустриски капацитети како што се текстилната фабрика Карпош од која без работа останаа 1760 работници, потоа АД Малина од која без работа останаа 260 работници, рудникот Бентомак од која без работа останаа 650 работници, исто така рудникот Тораница со 750 работници оставени на улица, АД Крива Река со 230 работници на улица.
„Почитуван колега, ова не се само работници, тука станува збор за голем број на семејства кои останаа на улица без ниту денар, а сега вие тука лажно, лицемерно, популистички глумите и зборувате за донесување на Закон за покачување на минимална плата“, посочи Митовска. Токму од овие лузни голем број на млади луѓе сакаа да побегнат и да се иселат од нашата држава, но за среќа од 2006 година се врати надежта кај нив.
На крај, Митовска додаде и му укажа на Мисовски дека во Крива Паланка во Веибо Груп не е точно дека, како што се обиде да изманипулира Мисовски, дека не работи никој, туку напротив таму во моментов во фабриката работат 588 работници, а дополнително за месец дена ќе започнат со работа уште 50 работници и конечната бројка ќе изнесува вкупно 638 вработени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа