И во ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат кадровски промени
Владејчката ВМРО-ДПМНЕ ги освежува локалните партиски комитети ширум Македонија. Причина за тоа е штона дел од претседателите на општинските комитети на партијата им завршува мандатот а дел добија градоначлничка функција. Партијата веќе објави оглас во дневните весници за пријавување на кандидати за претседатели на локалните комитети. Од ВМРО-ДПМНЕ за Утрински велат дека тоа е континуиран процес.
„Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, за да се заштитат оние кои нема да бидат избрани. Дел од досегашните претседатели на комитетите станаа градоначалници, па им даваме можност целосно да се посветат на новата функција и на потребите на граѓаните, а на други им истекува мандатот. Тоа е континуиран процес во нашата партија, како и секогаш, работиме транспарентно“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за Утрински весник