Кире Лазаров пишува историја!
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров прв во историјата на овој спорт постигна 1.000 голови во ракометната Лига на шампиони.
Десниот бек на македонската репрезентација и на Барселона овој рекорд го постигна на мечот ПИК Сегед - Барселона, во 59. минута, кога Лазаров го постигна петтиот гол на мечот, односно 1.000 во кариерата. На крајот Барселона го доби овој меч со 30-28
На вечната листа зад него се Сергеј Рутенка со 838 гола, а следуваат Карабатиќ, Илиќ и Јиха.
Оцени ја веста
05.10.2015 - 13:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа