Продолжува дијалогот Белград-Приштина
Премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи и денеска ги продолжуваат преговорите за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
Тие и денеска со посредство на Кетрин Ештон ќе се сретнат во Брисел.
Инаку, српскиот премиер Дачиќ изјави дека е оптимист и верува дека ќе има позитивен резултат од дијалогот.
Се очекува Ештон, во вторник да го посети Белград.