Кои се целите на македонската Стопанска комора до 2020?
Зголемување на вработувањето за 15 отсто и на извозот за 130 проценти, како и постигнување одржлив економски раст преку отворање минимум 20 отсто повеќе нови претпријатија, се само некои од целите што треба да се реализираат до 2020 година, информираа од Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција.
Оттаму истакнаа дека стратегијата на земјите од ЈИЕ предвидува и зголемување на ефикасноста на владите за 20 проценти особено во делот на јавните услуги и борбата со корупцијата.
- Влегуваме во втората фаза од ЦЕФТА чиј таргет е либерализирање на трговијата со услуги, обезбедување слободен проток на работна сила во регионот, олеснување на размената преку отстранување на досегашните пречки, поголема транспарентност на владините мерки и на статистичките податоци, како и зголемување на БДП по глава на жител за 33 отсто, истакна Љубица Нури, виш советник во Комората.
ЦЕФТА ќе воспоставува и приватно јавен дијалог за поголема и поквалитетна размена на информациите околу пречките и потребите на фирмите. Притоа се очекува значително поинтензивна соработка меѓу надлежните, коморите и бизнис-секторот.
- Една од задачите на ЦЕФТА е до 2020 година треба да се воспостави регионален производ, но и трговски канали кон трети земји, потенцира Нури.
Меѓу препораките е и инвестициите да имаат целосна сигурност и да не постои каква било дискриминација во однос на вложувачите.
Германија најавува техничка помош за компаниите поради што ЦЕФТА апелира тие максимално да ги искористат бенефитите од договорите за слободна трговија за да остварат што поголем профит и да овозможат нови вработувања.
Во првата половина на 2011 ЦЕФТА остварила 58 милијарди евра трговска размена од кои 6,5 милијарди меѓу земјите во регионот и 34,8 милијарди евра кон трети земји.
Првата фаза од ЦЕФТА која завршува заклучно со годинава беше фокусирана на либерализирање на трговијата, отворање на јавните набавки, државната помош, воспоставувањето листа на нетарифни бариери,