Тодоров: Заев и неговите го кочат договорот од Пржино
Дека се одолговлекуваат преговорите веројатно тоа е факт, но дека причина за тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа не е точно, истакна министерот за здравство Никола Тодоров во дневникот на Сител, по обвинувањата на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека владејќаката партија купува време во процесот на преговори.
-Наш став е дека токму СДСМ е партијата која работи на одолговлекување на преговорите и оневозможување на доаѓање до договор, односно компромисно решение. Веројатно позади тоа стои стравот од претстојните избори, односно стравот дека ќе загубат на претстојните избори. Тактиката е секогаш кога има некои конструктивни предлози од ВМРО-ДПМНЕ тие се прифаќаат, но доколку има поголем број такви и се гледа дека работата оди на добро, тогаш се дава некој предлог кој не е рационален и однапред се знае дека не е прифатлив за никого, вели Тодоров.
Повеќе погледнете во видеото во продолжение.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа