Инсекти го “окупираа“ полошкиот регион
Улиците и дворовите во Јегуновце и Теарце останаа празни, откако селата ги “нападнаа“ оси, комарци, муви и други инсекти. Жителите на општините велат дека во текот на вчерашниот ден не излегувале од своите домови, а не ги отворале ниту прозорците. Тие велат дека инсектите пренесуваат заразни болести и немилосрдно напаѓаат. Според телевизија Кис, најкритично било во Одри и Доброште.
Според тетовскиот Центар за јавно здравје, наездата од инсектите е последица на нередовните дезинсекции во полошките рурални општини. Оттаму најавиле дезинсекција во Јегуновце за следните неколку дена, додека во општина Теарце се уште не е отворен тендер за дезинсекција, пренесува Кис.
Биолозите, пак, сметаат дека наездата на комарци може да се спречи, доколу човекот придонесе во одржувањето на природниот синџир на исхрана. Според нив, не треба да се бориме против инсектите со хемиски средства бидејќи на овие препарати инсектите станале имуни. Биолозите велат дека треба да се прска со природни состојки.