Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката за зголемување на пензиите и социјалната помош
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се огласи за измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за социјална заштита.
ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ:
На денешната 67-ма пленарна седница во Собранието на Република Македонија на дневен ред се најдоа измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за социјална заштита по скратена постапка, со кои се предвидува зголемување на средствата за пензии и зголемување на висината на социјалната и постојаната парична помош за 5% и во 2016-та година.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува и ќе ги поддржи измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и измените на Законот за социјална заштита со кои што треба и во 2016 година да продолжи зголемувањето на пензиите и социјалната и постојаната парична помош за 5%.
Имено, преку измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување ќе се подобри социјалната положба и ќе се заштити стандардот на пенионерите. Досега како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати дадовме поддршка за зголемувањето на пензиите, со што најниската пензија од 2006-та година до сега е зголемена за 70 проценти, додека пак просечната пензија во Република Македонија од 2006-та година до денес е зголемена за рекордни 84 отсто.
Како претставници на граѓаните во Собранието на Република Македонија, горди сме што можеме да придонесеме за остварување на потребите и интересите на пензионерите, како и за подобрување и олеснување на пензионерскиот живот.
Покрај предвиденото зголемување на пензиите, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја даде својата поддршка и за измените на Законот за социјална заштита, кои што исто така предвидуваат зголемување на социјалната и постојаната парична помош за 5%, со кои што ќе им се помогне на околу 35 000 корисници на социјална парична помош и на околу 5 800 корисници на постојана парична помош.
Со овие измени на Законот за социјална заштита, социјалната парична помош во 2016-та година дополнително ќе се зголеми за 5%, со што со зголемувањата од 2006-та година таа ќе биде зголемена за вупно 61,8%, додека пак постојаната парична помош од 2006-та година ќе биде зголемена за 60,5 отсто.
Со овие зголемувања на пензиите и социјалната и постојана парична помош ќе бидат опфатени 335 000 граѓани кои што ќе добијат повисоки месечни примања и значително ќе се подобри нивниот животен стандарт.
Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со овие зголемувања на пензиите и социјалната и постојана парична помош уште една покажуваме дека тоа што го ветуваме во нашата предизборна програма, тоа и го исполнуваме.
Токму затоа граѓаните ни веруваат и ни ја даваат нивната поддршка да ги застапуваме и да работиме за исполнување на нивните интереси во Собранието на Република Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа