Рената Десковска ќе го води собранискиот канал на МТВ
Професорката Рената Десковска, која е и потпретседател на Собранието на Македонија, денеска со 81 глас „за“ и ниту еден „против“ е избрана за претседател на Советот на собранискиот канал.
Нејзиниот партиски колега, пратеникот од Велес, Марјанчо Николов, пак, е избран за заменик претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија.
Оцени ја веста
28.09.2015 - 13:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа