Се пролеа крв во грчки затвор - Албанци и Пакистанци жестоко се пресметаа

 

Во грчкиот затвор со висок степен на безбедност во Домокос, дошло до крвава пресметка меѓу тројца затвореници Албанци и тројца Пакистанци.

Затворениците во тепачка, што се случила во блокот Е2 користеле импровизирани ножеви. При инцидетот, двајца од  Пакистанците се здобиле со сериозни повредени, а третиот минал со полесни рани. Полесно повредениот е сместен во болницата во Домокос, додека двајцата Пакистанци со потешки повреди се пренесени во болницата во Ламија.

Според албанските медиуми, благодарение на интервенцијата на затворските чувари инцидентот не завршил со потешки последици.

Затворениците Албанци често предизвикуваат инциденти во затворите во Грција, влегувајќи во физички пресметки со други осуденици, вклучувајќи и нивни сонародници.

најчитано сега