Старец од Чегране си платил за дрва - чекал да стигнат но...

 

Седумдесет и двегодишниот А.А. од гостиварското село Чегране, вчера пријавил дека претходниот ден околу 16 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски “ во Гостивар го сретнале две непознати лица и му рекле дека снабдуваат со огревно дрво на домашна адреса по цена од 55 евра за метар кубен.

Како што соопштуваат од СВР Тетово, тој им поверувал на кажаното, се согласил со нивната понуда и им нарачал 10 метри кои, како што се договориле, наводно ќе му ги испорачале следниот ден.

-Набрзо, меѓутоа двајцата непознати отишле во неговиот дом, откако ја дознале точната адреса и од сопругата на А.А. зеле 550 евра, велејќи и дека камионот со дрвата само што не стигнал и дека во него се наоѓа и сопругот, по што со парите се оддалечиле во непозната насока, додека камионот воопшто не стигнал, се вели во соопштението од СВР Тетово.

Полицијата работи на идентификување и пронаоѓање на измамниците.

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега