Константинеску: Никој не може да го негира македонскиот идентитет

 

Поранешниот претедател на Романија, Емил Константинеску е изненаден од тоа што продолжува односот на Грција кон Македонија и блокадите и по 22 години од падот на комунистичкиот режим, кој се базирал на национализам. Тој во интервју за МИА вели дека Европската унија е извонреден проект и дека проект на ЕУ е да се задржат идентитетите, „оти ЕУ е создадена како културно собрание не само да ги задржи, туку и да ги развива идентитетите“.

- Не може некој да го негира македонскиот идентитет! Идентитетите доаѓаат сами од себе, сите луѓе се слободни да градат идентитет. Сите се обврзани да го прифатат ова. Се разбира, таков проект е скап, многу е скапо ЕУ да преведува на многу јазици говори во Брисел на пример. Но, целта е најважна. И јас сум убеден дека паметните луѓе со паметен пристап кон овој проект, кои ќе доаѓаат од интелектуално милје, од Македонија и Грција, ориентирани кон нашата заедничка иднина, ќе може полесно да го решат проблемот, вели човекот кој беше на чело на романската држава во периодот 1996 - 2000 година, кога оваа земја ги започна преговорите за членство во ЕУ, а формално стана членка во 2007 година.

Во разговор со него за време на конференцијата во македонската Мисија при Унијата во Брисел, Константинеску како претседател на светската Академија за културна дипломатија, вели дека решение во деценискиот спор на нашата земја со Грција може да се најде само преку дијалогот.

- Не само оти работам за Академијата за културна дипломатија, но за мене е најважен дијалогот. Не постои ниту еден проблем што не може да се реши со дијалог. Прифаќање на заедничката цел. Јас не ја прифаќам Европската унија без Балканот, без сите балкански земји. Мојата идеја е иста и во однос на Србија и Косово. За долготрајна, вечна стабилност, мора повторно да ја воспоставиме цела Европа, базирана на заеднички корен и заеднички идеи. Оти, да не заборавиме дека Европската унија беше создадена за да се обединат Германија и Франција, по векови со војни меѓу нив. Сега, повеќе од половина век имаме мир и мирот во Европа и мирот во светот е прв резултат од креацијата на ЕУ. Зошто, и покрај многу несогласувања и сегашната економска криза, која е инцидентна и нема да трае долго, да не ја допреме важната причина за постоењето на Европската унија. За мене ова се само детали. Потребно е да се гради и да опстои дијалогот. Според моето мислење, оти јас лично доаѓам од академското милје, од граѓанското општество, а не од партија станав претседател, важно е да се инволвира граѓанското општество. Во моментов треба да го слушнеме гласот на научниците, од академското милје. Оти кога пред да станам претседател, го сретнав тогашниот претседател на Унгарија, Генц, на една конференција на ректори на универзитети во Будимпешта, тој ми предложи да одржиме состанок двајцата. Јас му предложив нему културно помирување меѓу нас. Му реков да не го отфрла минатото, да го претпоставиме минатото, но да рбаотиме заедно за иднината. Му реков: Овој проблем за културно помирување е важен не да биде предмет во изборна кампања, во политички говори оти на политичарите им треба за гласање некаков националистички пристап, но дека е момент за вмешување на научниците, на познати уметници, писатели, да кажат стоп на ралзичностите! Од различни земји. Нашата генерација, нашето семејство е формирано од претседател кој доаѓа од академско милје. Вацлав Хавел беше писател, Жељу Желев филозоф, Генц беше претседател на Здружението на писатели... За нас беа важни идеалите, заедничкиот дух, да работиме заедно. Овие неслоги доаѓаат од политичкиот пристап.

Според мислењето на долгогодишниoт ректор на државниoт Универзитет во Букурешт и доктор по геологија, за Европската унија би било подобро ако продолжи да се шири, а Балканот е клучен за мирот.

- Не е коректно оти Западна Европа, формалната ЕУ со лимитиран број на земји, има многу предности, не само во однос на проширување на економскиот пазар, туку и други предности од проширувањето, интегрирањето на земји во ЕУ. Проблемите сега не доаѓаат од Романија и Бугарија, оти Романија нема економска криза и финансиска криза, тоа се други земји како Ирска, Шпанија, Португалија..., сите членки на ЕУ. Ова е стар проблем, психолошки пристап и како што има кажано еден австриски филозоф во 19. век: “Ако Балканот не постоеше, ќе мораше да биде измислен за да се задржи високото мислење за Западна Европа“. Оти, нели, се што е лошо се случува на Балканот, а доброто во Западна Европа. Во психологијата на некои лидери, заинтересирани само за гласачи, гласови и политички пристап, можеби им користи овој вид на популизам, што не е коректно. За Европската унија би било подобро ако продолжи да се шири, а Балканот е клучен за мирот. Оти, моментот на конфликт во екс-Југославија беше момент на слабост на Европската унија.

Извор: МИА

најчитано сега