Пожар во околината на Росоман
Пожар зафати 150 хектари сува трева и трње во Росоманско, информира Петко Ристовски, магистер по заштита на шуми во подружницата на „Македонски шуми” во Кавадарци.
- Пожарот избувна синоќа. Едно време го локализиравме, но сега тој повторно е активен и во моментов на терен сме присутни со 20 работници од шумското и една цистерна, пет пожарникари од територијалната противпожарна единица од Кавадарци со едно противпожарно возило, пет лица од локалната самоуправа Росоман. Тука се и два авиона од Дирекцијата за заштита и спасување, изјави Ристовски
Оцени ја веста
04.09.2015 - 13:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа