Барселона против Севиља во Тбилиси во Супер купот на УЕФА
Шпанските екипи Барселона (освојувач во Лигата на шампионите) и Севиља (победник на Лига Европа), вечерва во Тбилиси го играат Супер купот на УЕФА.
Ова се воедно двата тима што имаат освоено најмногу пехари во еврокуповите во последните десет години. Барселона има четири титули во ЛШ (2006, 2009, 2011 и 2015), а Севиља четири пехари во Лига Европа (2006, 2007, 2014 и 2015).
Во таборот на Барселона се надеваат дека успешната низа на освојување пехари во 2015 година ќе продолжи и каталонскиот клуб ќе го повтори резултатот од 2009 година кога тимот триумфираше во шест различни натпреварувања.
Во Севиља пак очекуваат дека ќе ја повторат 2006 година кога во Супер купот ја победија Барселона со 3:0.
Во екипата на Барселона ќе го нема болниот Нејмар, кој има заушки, и се очекува стартер да биде Педро, додека кај Севиља од ланскиот состав ќе недоставуваат Алекс Видал, Стефан Мбиа и Карлос Бака, кои си заминаа од клубот.
Натпреварот се игра на стадионот „Борис Паичадзе“, а почетокот е во 20:45 часот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа