Сите на трибини: Еве колку чини билетот за дуелот Работнички – Рубин
Раководството на ФК Работнички донесе одлука билетот за дуелот од баражот од Лига Европа против руската екипа Рубин што ќе се игра на 20 август (почеток 21 часот) да чини 200 денари. Ова значи дека цената на влезницата ќе ја има истата вредност како и за претходните три натпревари со Флора, Јеглава и со Трабзон, пренесе МИА.
Од клубот очекуваат дека со оваа цена ќе има поголем број навивачи, кои по одличните настапи на фудбалерите ќе им ја дадат потребната поддршка. Инаку, Работнички претходните три натпревари дома ги заврши со три победи.
Билети можат да се купат за Северната и за Јужната трибина, додека „исток“ ќе биде наменет за гостински навивачи. Продажбата ќе почне од петок 14 август во продажната мрежа на „МК Тикетс“, а од понеделник (17 август) и на билетарата на Арената „Филип Втори“, која ќе работи од 12 до 20 часот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа