Пандовски почина неколку дена пред роденденот- Македонија загуби талентиран фудбалер

 

Младиот 23-годишен фудбалер Александар Пандовски по четиридневна кома им подлегна во саботата утрото на повредете здобиени во сообраќајната несреќа што се случи пред четири дена на излезот од Скопје.

Пандовски и неговиот татко во понеделникот вечерта доживеаја сообраќајна несреќа кога автомобилот „голф“ излета од патот удирајќи во столб и забивајќи се во бензинската пумпа кај скопската населба Маџари.

Пандовски неколку часа беше заглавен во згмечениот автомобил и беше извлечен со помош на пожарникарска екипа, и во многу тешка состојба беше пренесен на Клиничкиот центар во Скопје каде во саботата утрото, неколку дена пред неговиот 24 роденден почина, како последица од фаталните повреди.

 

Пандовски во моментов настапуваше за второлигашот Евромилк, како играч од средниот ред, иако во кариерата играше и на други позиции.

Роден во Скопје, тој потекнува од фудбалската школа на Вардар, за кого настапуваше извесен период, по неговото деби на 18-годишна возраст на 31-јули 2010 година. Потоа уште настапуваше 18 месеци во сезоните 2011/2012 за Работнички, а во 2013 година настапуваше во европските квалификации за Хоризонт Турново.

Како талентиран играч, настапуваше и за помладите селекции на Македонија.

 

 

Оцени ја веста

09.08.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега