ВИДЕО: Хероите од Дебар Маало „романтично“ го прегазија Трабзон
Работнички продолжува со одисејата во Лига Европа откако вечерва по продолженија успеа да го елиминира турскиот гигант Трабзон. Мечот заврши со резултат 1:1 после 120 минути игра, а во регуларниот тек Трабзон водеше со 1:0, резултат со кој загубија во Скопје. Првото полувреме заврши со резултат 0:0.
Екипата од Дебар Мало добро го започна мечот и прва имаше обиди кон голот на Трабзон, но потоа домаќините заиграа поорганизирано и имаа неколку полу шанси кои голманот Божиновски добро ги бранеше.
Второто полувреме Трабзон го започна фуриозно и веќе во 55 минута преку Окај Јашуклу го отвори резултатот. Во 65 минута Работнички остана и со играч помалку бидејќи Трајчевски доби втор жолт картон. До крајот на мечот турците на сите начини се обидуваа да стигнат до втор гол но не успеваа пред се благодарение на одличниот Божиновски.
Натпреварот влезе во продолженија каде што двата тима имаа по една пречка, најпрво Алтипармаковски со волеј удар ја погоди пречката на домаќините, а неколку минути потоа и Јилмаз ја погоди пречката на скопјани.
Во 112 минута Илиевски упати висок центаршут кон Кире Марковски, а голманот на Трабзон лошо излезе на таа топка, играчот на Работнички добро се снајде и со глава стрелаше во празната мрежа постигнувајќи ги конечните 1:1.
Ова е втор пат Работнички да стигне до плеј-офот во Лигата на Европа. Во 2011 година, за влез во групите испадна од Лацио
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа