ВИДЕО: Жестока расправија помеѓу Гвардиола и Де Јонг

 

Тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола вербално го нападна фудбалерот на Милан Најџел Де Јонг кој во првото полувреме го повреди младиот Џошуа Кимих.

Младиот Џошуа Кимих е нова жртва на фудбалерот на Милан Најџел Де Јонг кој во првото полувреме од мечот со Баерн во рамките од „Ауди Куп“ со невнимателен старт го повреди противничкиот играч.

Гвардиола полуде поради ова, па во тунелот на патот кон соблекувалните жестоко го нападна Де Јонг.

За среќа се заврши со вербална расправија, иако Де Јонг тргна да се пресмета со Гвардиола.

-Само му кажав дека сум тажен поради повредата на Кимих кој нема да игра во финалето. Џошуа сигурно дека ќе биде еден од најдобрите германски фудбалери во следните десет години, изјави Гвардиола.

Тренерот на Милан Синиша Михајловиќ, сепак беше малку подиректен.

-Ова е подготвителен турнир за сезоната, а не пријателски меч и ние игравме фудбал. Па, тоа не е балет, прекршоците се составен дел од оваа игра, одговори тренерот на Милан.

Инаку, Холанѓанецот е познат како жесток играч, а навивачите го паметат по крвничкиот кунг-фу старт на Чаби Алонсо во финалето на Светското првенство во 2010-та година.

 

 

Оцени ја веста

05.08.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега