ВИДЕО: Бирд против Џордан во натпревар „еден на еден“?

 

Легендата на Бостон „Селтикс“ Лари Бирд даде интересна изјава на прашањето дали би можел во овој момент да го добие Мајкл Џордан „еден на еден“.

Освојувачот на три наслови за НБА шампион беше искрен дека Мајкл Џордан „би го убил“.

„Тоа би било без соменение добар меч“, вели искусниот НБА ас кој настапуваше за Бостон.

„Сепак мора да признаам дека Мајкл ќе ме „убие“. Имам 18 килограми повеќе од кога што играв“, додава Бирд.

„Се уште има жар во мене, но не како во времето кога играв. Сепак мислам дека би било изедначено“, рече Бирд.

Џордан е шест години помлад од Бирд, но и покрај тоа тие имаа неколку одлични меѓусебни дуели.

А остана запаметен оној од Бостон Гарден кога Џордан на шампионите им уфрли 63 поени.

 

 

Оцени ја веста

05.08.2015 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега