ВИДЕО: Бугарска работа - публиката подиве и ги нападна фудбалерите

 

На пријателски меч помеѓу ЦСКА Софија и израелската екипа Ашдод, по едно кошкање помеѓу фудбалерите на двата тима, навивачите на ЦСКА збеснале и одлучиле да ги превземат работите во свои раце.

Влетале на теренот на стадионот во обид да се пресметаат со Израелците. Најлошо поминал тренерот на Ашдод кој бил удрен неколку пати од страна на хулиганите, па морал да добие лекарска помош.

Според видеото, може да се заклучи дека фудбалерите на ЦСКА Софија сакале да ги смират своите навивачи.

 

 

Оцени ја веста

04.08.2015 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега