Бериша: Сите Албанци ќе добијат државјанство освен оние од Косово
Албанскиот премиер во заминување, Сали Бериша сооопшти дека последна одлука на Владата е да се даде албанско државјанство за сите Албанци по потекло, освен на оние од Косово.
Бериша изјавил дека со овој процес не се опфатени Албанците од Косово, за кои, додал дека се жители на една независна држава и во „еден здрав процес со ЕУ“.
- Албанија е последна држава во регионот и Европа која овозможува давање на државјанство на своите сонародници, за разлика од сите други кои тоа го сторија многу порано, изјавил Бериша.
Според него, овој чекор на Владата не треба од никого да се сфати некаков друг чин освен во интерес на доброто на Албанците, мирот и стабилноста каде што тие живеат. Аплицирањето на добивање албанско државјанство почнува на први август годинава.
ФОТО: Денешен