Седница на собраниската Комисијата за надзор над работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање
Во Собранието на Република Македонија денеска седница одржа Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање на која беа разгледани извештаите за нивната работа лани и програмите за годинава.
Претседателот на комисијата Горан Минчев откако дневниот ред едногласно беше усвоен, потсети на карактерот на материјалите за разгледување.
- Сите податоци, известувања и информации доставени до Комисијата на Собранието или изнесени на седница на Комисијата претставуваат информација со соодветен степен на класификација. Предлагам седницата да ја одржиме без присуство на јавноста, рече тој.
Предлогот беше едногласно усвоен, по што седницата на комисијата беше затворена за јавноста.